Најнови огласи

DB function failed with error number 1146
Table 'srcezazi_srce.srce_adsmanager_config' doesn't exist SQL=SELECT * FROM srce_adsmanager_config
Цитати
Писмо на поглавицата Сиетл

Кога претседателот на САД , Абрахам Линколн пред повеќе од еден и пол век, во 1854 год, понудил државата да купи голем дел од индијанската земја, а на индијанскиот народ му понудил резерват, на таа понуда добил одговор од поглавицата на племето Сиетл. Ова писмо се вбројува меѓу најдлабоките и најубавите мисли кои некогаш се изречени за човековата околина.

 

 

 

 

 

 

 


Кога Големиот поглавица од Вашингтон го испраќа својот глас дека сака да ја купи нашата земја, од нас бара премногу. Како може да се купи или продаде Небото, топлината на Земјата? Таа идеја нам ни е туѓа. Ние не сме сопственици на свежиот воздух и бистрата вода. Ако ние не го поседуваме свежиот воздух и бистрата вода, како вие тоа можете да го купите?

Секој дел од оваа Земја е свет за мојот народ.

Секоја блескава борова игличка, секое зрно на песокот на речното корито, секоја метличка во темнината на шумата, свети во мислите и искуството на мојот народ. Соковите кои течат низ дрвјата го носат сеќавањето на црвениот човек. Кога мртвите белолики одат на прошетка меѓу ѕвездите, ја забораваат Земјата која им го дала животот. Нашите мртви никогаш не ја забораваат оваа убава земја, бидејќи таа е мајка на црвениот човек. Ние сме дел од земјата и таа е дел од нас! Миризливите цвеќиња се нашите сестри; еленот, коњот, големиот орел, сите тие се наши браќа. Стеновитите врвови, сочните пасишта, топлината на телото на понито и човекот – сите и припаѓаат на истата фамилија.

Така, кога Големиот поглавица од Вашингтон испраќа глас дека сака да ја купи нашата земја - бара премногу од нас. Големиот поглавица порачува дека ќе ни најде место на кое убаво ќе живееме. Тој ќе ни биде татко, а ние негови деца.

Ние ќе ја разгледаме вашата понуда да ја купите нашата земја.

Но, тоа нема да биде лесно!

Оваа земја нам ни е света.

Оваа сјајна вода што тече низ брзаците на нашите реки не е само вода, туку и крвта на нашите предци. Ако ви ја продадеме земјата, ќе морате да се сетите дека тоа е свето и морате да ги учите вашите деца дека тоа е свето и дека во секој одраз во бистрата вода на езерата ги раскажува случувањата и сеќавањата на мојот народ. Жуборот на водата е гласот на таткото на мојот татко. Реките се нашите браќа, а тие ни ја гасат жедта. Реките ги носат нашите кануа и ги хранат нашите деца. Ако ви ја продадеме нашата земја, морате да се сетите и да ги учите нашите деца дека реките се наши и ваши браќа, и отсега, морате на реките да им пружите добрина каква би сте пружиле на секој брат.

Ние знаеме дека белиот човек не го разбира нашиот живот.

Нему еден дел од Земјата му е како кој било друг, зашто тој е странец што доаѓа ноќе и зема од Земјата сé што сака. Земјата не е негов брат, туку негов непријател, и кога ќе ја покори тој продолжува понатаму. Ги остава зад себе гробовите на своите татковци и не му е грижа. Тој ја одзема земјата од своите деца и не му е грижа. Гробовите на неговите предци и земјата што му ги роди децата остануваат заборавени. Спрема Мајката-Земја и спрема братот-небото се однесува како да се тоа работи кои можат да се купат, ограбат, продадат како стадо или сјаен накит. Неговата алчност ќе ја проголта земјата и ќе остави само пустош.

Не знам!

Нашиот начин е поинаков од вашиот.

На црвениот човек го болат очите од погледот на вашите градови. Можеби е тоа затоа што црвениот човек е див и не разбира. Нема мирно место во градовите на белиот човек. Нема место каде би се слушнало отворањето на лисјата во пролет или треперењето на крилцата на мушичката. Можеби е тоа затоа што јас сум див и не разбирам. Бучавата ми ги навредува ушите. Што е животот ако човекот не може да го чуе осамениот крик на козорогот или ноќното крекање на жабите во барата?

Јас сум црвен човек и не разбирам.

Индијанецот повеќе го сака благиот звук на ветерот кога си поигрува со површината на мочуриштето, мирисот на воздухот освежен со пладневниот дожд или намирисан со боровинка. Воздухот е скапоцен за црвениот човек, зашто сé што е живо го дели истиот здив – животното, дрвото, човекот. Белиот човек делува како да не го забележува воздухот што го вдишува. Како човек кој умира многу денови, така и белиот човек отапел на смрдеата. Ако ви ја продадеме земјата, морате да се сетите дека воздухот е скапоцен за нас, дека воздухот го дели својот дух со целиот живот кој го поддржува. Ветерот што на мојот дедо му го даде првиот здив, исто така ќе го прифати и неговиот последен здив.

Ако ви ја продадеме нашата земја, морате да ја чувате како нешто најскапоцено, како место каде белиот човек ќе може да го вкуси ветерот засладен со мирисот на полските цвеќиња.

Така ќе ја разгледаме вашата понуда да ја купите нашата земја. Ако одлучиме да прифатиме, ќе поставам еден услов:

Белиот човек ќе мора да се однесува спрема животните на оваа земја како кон свои браќа.

Јас сум див и не разбирам друг начин.

Видов илјадници бизони кои се распаѓаат во преријата, што ги оставил белиот човек застрелувајќи ги од возот кој минува. Јас сум дивјак и не разбирам како димечкиот метален коњ може да биде поважен од бизонот, кога ние убиваме само за да останеме живи. Што е човекот без животните?

Кога би исчезнале животните човекот би умрел од осаменоста на духот. Она што ќе им се случи на животните, набргу ќе му се случи и на човекот. Сите работи се меѓусебно поврзани.

Морате да ги научите своите деца дека тлото под нивните стапки е пепелта на нивните дедовци. За да ја почитуваат земјата, кажете им на вашите деца дека земјата со нас е во сродство. Учете ги вашите деца како што правиме ние со нашите, дека земјата е наша мајка ... Што и да ја снајде неа, ќе ги снајде и синовите на земјата.

Ако човекот плука на тлото, тој плука на самиот себе.

Тоа ние го знаеме:

Земјата не му припаѓа на човекот; човекот и припаѓа на земјата!

Тоа ние го знаеме. Сите работи се поврзани, како крвта што го обединува семејството. Што и да ја снајде земјата, ќе ги снајде и синовите на земјата. Човекот не го ткае ткивото/предивото на животот; тој е само нишка во него. Што прави со предивото, тоа си го прави самиот себеси.

Дури и белиот човек, чиј Бог говори и шета со него како пријател со пријател, не може да биде исклучен од заедничката судбина. После сé, ние можеме да бидеме браќа. Ќе видиме. Знаеме една работа, која белиот човек еден ден ќе ја открие – нашиот Бог е истиот Бог. Вие сега можете да мислите дека вие Го имате, како што сакате да ја имате нашата земја; но, тоа не можете. Тој е Бог на луѓето и Неговата сомилост е еднаква и за црвениот и за белиот човек.

Таа земја Нему Му е драга, а да и се штети на земјата е презирање на нејзиниот Создател. На белите луѓе им треба и премин; можеби побргу отколку на сите други племиња. Ако го онечистите вашиот кревет, една ноќ ќе се загушите во сопствениот смет. Во своето настојување ќе горите во огнот на Богот што Ве довел наваму и со некои необјаснети намери Ви дал власт над оваа земја и над Црвениот човек.

Судбината е мистерија за нас, затоа што ние не знаеме кога сите бизони ќе бидат заклани и дивите коњи припитомени, зошто во длабочината на шумата има толку човекова смрдеа...

Каде е еленот, дабарот? Каде се? Ги нема повеќе.

Каде е орелот? Одлета . . .

Вистинскиот живот заврши. Почнува борбата за преживување!

 

 

Доколку сакате, можете да погледнете и едно кратко видео (6:23 мин.) со цитати од познати личности. За да погледнете, кликнете тука.

 

СТОП ЗА ЛОВОТ
велат големите мислители:

 

“Ловот е секогаш една форма на војна.“- Ј.В.Гете (1749 - 1832), германски поет

 





“Од убиство на животни до убиство на луѓе има само еден чекор“ - Л.Н.Толстој (1828 - 1910), руски поет

 

 

“Каде што еден ловец живее, можат десет стада да живеат, сто земјоделци и илјада градинари. Суровоста против животните не може ниту кај вистинското образование ниту кај вистинската разумност да постои. Таа е една од најкарактеристичните пороци на еден низок и непрофинет народ.“ - Alexander v. Humbolt (1769 - 1859), германски истражувач на природата

“Она што човек на животните им го прави, со иста вредност на него ќе му се врати“. - Питагора (6. век пред Христос), грчки филозоф и математичар





“Од сите модели на живеење ловот најмногу му се противи на моралниот закон; ноевата забрана за пролевање на крв изгледа уште од прапочетокот како ништо друго освен како забрана за ловот.“ - Емануел Кант (1724 - 1804), германски филозоф

“Ловот е едно од најсигурните средства, да се убие чувството на луѓето за своите Состворенија.“ - Франсоа Волтер (1694 - 1778), француски писател и филозоф




“Кога човекот сака да го убие тигарот, тоа се нарекува спорт. Кога тигарот сака даго убие човекот, тоа се нарекува Ѕверство.“ - Џорџ Бернард Шо (1856 - 1950), ирски драматичар



“Ловот е само една кукавичка парафраза за посебно кукавички убиства на беспомошни состворенија. Ловот е еден вид на психичка болест.“ - Теодор Хојс (1884 - 1963), првиот претседател на С.Р.Германија

“Никогаш не се лаже толку како после ловот и пред гласање“.- Otto von Bismarck (1815-1898), германски државник

“Во животни никогаш не сум можел да пукам, тие мораат веќе самоубиство да извршуваат.“ - Ханс Дитрих Геншер (*1927), германски политичар (ФДП), некогашен министер за надворешни работи

“Јас мислам дека е добро, човек пред почетокот на ловот со звучни сигнали да ги предупреди зајаците и фазаните.“ - Gustav Heinamann (1899 - 1976), германски политичар (СПД), некогашен претседател на С.Р.Германија

“Секое нешто си го има своето време. Времето за ловот е истечено.“ - Hubert Weinzirl (*1935), некогашен државен претседател на С.Р.Германија

“Никогаш не ми се расветли, зошто некои луѓе гледаат радост во тоа животни да застрелуваат.“ - Bernhard Grzimek (1909-1989), зоолог и продуцент на филмови со животни

“Имено постојат многу љубители на ловот, кои што навистина се окрутени во нивните убиства и злочини - гнасни ужасни, жедни по крв, навикнати на жално плачење, (на животните) кои што никогаш не се задоволни, како што се задоволни во бучни слави под дејство на алкохол. Други пак низ нивното сурово воспитување и начин на живот добиле задоволство во ловот, и тоа не само ловците по професија, туку и некои богаташи и сличните на нив, кои што без да изучат едно паметно човечко занимање, без размислување - не знаат да го тепаат нивното време со ништо друго, туку само со лов.“ - Wilhelm Dietler (19.век), германски професор по филозофија, автор

“Сметам дека духовниот напредок, на една одредена точка, бара од нас да престанаме да ги убиваме нашите со-суштества заради задоволување на нашите телесни желби за убивање.“ “Величината и моралниот напредок на една нација можеме да ги цениме според начинот на кој таа се однесува кон животните.“ - Махатма Ганди (1869-1948), индиски политичар и поборник за протести без насилство

“Осмели се да бидеш мудар! Престани да убиваш животни!Оној што го одложува часот на исправниот живот наликува на селанецот што чека да пресуши реката, за да може да премине на другиот брег.“ - Хорацие (65-8 год.п.н е.), класичен римски поет

“Човекот е припитомено животно кое со векови управувало со другите животни преку измама, насилство и суровост.“ - Чарли Чаплин, англиски актер и режисер




“Исто како и човекот, така и животните чувствуваат радост и болка, среќа и несреќа“ - Чарлс Дарвин(1809 - 1882), англиски научник и основач на Дарвинизмот

 
Што велат големите мислители
за јадењето делови од животински трупови?

 

“Религиозната стравопочит од она што е под нас го опфаќа, се разбира, и животинскиот свет и на луѓето им наметнува обврска созданијата кои настануваат под нив да ги почитуваат и имаат обзир спрема нив.“ - Гете (1749-1832), германски поет

 

 

“Се додека постојат кланици, ќе постојат и бојни полиња.“ “Јадењето месо е остаток од најголемото дивјаштво; преминот кон вегетаријанство е првата и најприродна последица од просветувањето.“ - Л.Н.Толстој (1828- 1910), хуманист и руски писател



“Вегетаријанец сум и антиалкохоличар затоа што на тој начин можам многу подобро да го користам својот мозок.“ - Томас Алва Едисон (1847-1931), најголем пронаоѓач на своето време(1500 изуми, меѓу кои и сијалицата)



“Се што човекот им прави на животните, тоа му се враќа на човекот. Кој со нож ќе му пресече грло на животно и при рикањето од страв останува глув, кој може ладнокрвно да заколе јаренце што крикнува и да изеде птица на која самиот и давал храна - уште колку далеку е таквиот од злосторство?“ “Земјата изобилно дарува богатство, мирољубива храна. И таа ги зачувува вашите јадења, коишто се слободни од убиство и крв.“ - Питагора (6. век пред Христос), грчки филозоф и математичар

“Еден доказ дека вкусот на месото е неприроден за луѓето лежи и во фактот што малите деца имаат одбивност кон оваа храна и ги претпочитаат вегетаријански приготвените јадења, како на пример млекото и млечните производи и лебот, овошјето и сл. Многу е важно овој изворен и природен вкус да не се расипе и децата да не се направат месојадци. Како и да ги толкуваме фактите, еден факт е непобитен:големите месојадци најчесто се посурови и подиви од останатите луѓе.“ - Жан Жак Русо (1712-1778), француско-швајцарски филозоф, педагог и писател: творец на движењето “Назад кон природата!“

“Сметам дека духовниот напредок, на една одредена точка, бара од нас да престанаме да ги убиваме нашите со-суштества заради задоволување на нашите телесни желби за убивање.“ “Величината и моралниот напредок на една нација можеме да ги цениме според начинот на кој таа се однесува кон животните.“ - Махатма Ганди (1869-1948), добитник на Нобеловата награда за мир, индиски политичар и поборник за протести без насилство

Осмели се да бидеш мудар! Престани да убиваш животни! Оној што го одложува часот на исправниот живот наликува на селанецот што чека да пресуши реката, за да може да премине на другиот брег.“ - Хорацие (65-8 год. п.н.е.), класичен римски поет

“Човекот е припитомено животно кое со векови управувало со другите животни преку измама, насилство и суровост.“ - Чарли Чаплин, англиски актер и режисер

 

 

“Си мисли човек, задоволен и радосен/ не сум касап, крвав, суров/ но тој човек колбаси љуби/ а со тоа и невиноста за убивањето му се губи.“ - Еуген Рот (1895-1976), германски писател




“Исто како и човекот, така и животните чувствуваат радост и болка, среќа и несреќа“ - Чарлс Дарвин(1809 - 1882), англиски научник и основач на Дарвинизмот

 

 

“Ништо нема повеќе да ги зголеми шансите за преживување на Земјата, како што тоа може да го стори преминувањето кон вегетаријански начин на исхрана.“ - Алберт Ајнштајн (1879-1955), германско-американски физичар, добитник на Нобеловата награда во 1921 г.

“Еден ден зборувајќи за слободата и правдата, јадевме шницла. Каснувајќи го првиот залак, помислив: ’Го јадам страдањето.’ И го плукнав.“ - Алис Волкер(*-1944), американска писателка

“Кога на трпезата пред нас има шницла не ни помислуваме дека тој дел му припаѓа на некое животно што би можеле да го галиме, сакаме.“ - проф. Умберто Веронези, директор за наука на Европскиот Институт за онкологија (наука за тумори) во Милано

“Го гледаш животното како субјект, а не како објект? Тогаш биди доследен: не прашувај што ќе јадеме денес, туку “кого“ ќе јадеме денес?“ - Шарлот Пробст, професорка во Грац, лидер на проектот “Заштита на животните на час“

“Праведен Боже! Колку часови малтретирање на животните се потребни, за да му овозможат на човекот само една минута празнично јадење.“- Жан Пол (1763-1825), германски поет

“Кога модерниот човек би морал самиот да ги убива животните кои ги користи за исхрана, бројот на вегетаријанци неизмерно би се зголемил.“- Кристијан Моргенштајн (1871-1914), германски поет

“Животното има срце што чувствува како и ти. Животното се радува и страда како и ти. Животното има свој животен пат какои и ти. Животното го има потполно истото право на живот што го имаш и ти.“ - Питер Росегер (1843-1918) австриски писател

“Оној што сака да излезе од рамките на вообичаениот живот, се оттргнува од крвавата исхрана и не ја бара смртта за составувач на своето мени.“ - Ј. Гор (1776-1848), германски филозоф

“Сега можам конечно со спокојство да ве набљудувам; јас повеќе не се хранам со вас!“(забелешка при едно набљудување на риби во аквариум) - Франц Кафка (1883-1924), австриско-чешки писател

 

 

“Човекот треба да покаже добрина кон животните бидејќи оној кој што е суров кон нив исто така е бесчувствителен кон луѓето.“ “Ѕверствата кон животните се всушност активности на луѓето кои се свртеле самите против себе.“
“Свирепоста спрема животните е спротивставена на човековата обврска спрема самиот себе.“
“Чисто преку своето физичко дејство врз човековиот темперамент вегетаријанскиот начин на живот може извонредно позитивно да влијае врз судбината на човештвото.“ - Емануел Кант (1724-1804), германски филозоф

 

 


Здружение за заштита на животните и животната средина “СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ“
п.фах 420, 1000 Скопје, Република Македонија
тел. ++389 (0)2 53 11 432
моб. ++ 389 (0)75 800 765

email: info@srcezazivotnite.org.mk
егэ биология вопросы части с адресная и телефонная база нижний новгород телефонный справочник 2013 оренбурга справочник номеров телефонов новосибирска как отследить местонахождение по номеру сотового телефона какие есть онлайн игры стрелялки игры аватар аанг определение местоположения через телефон ссылка справочник телефонов голые справочник скачать онлайн бесплатно игру карос как найти номер телефона в бобруйске 1 рейтинг онлайн игр 2012 найти человека по имени фамилии телефонная база как реально работает программа по перехвату смс узнать точное местоположение абонента ссылка Обзоры жизненных ситуаций в Интернете онлайн решебники Все игры глазами бориса sitemap