visit web page remote spy programs for cell phones free download call blocker for nokia 5233 click here read article

Најнови огласи

DB function failed with error number 1146
Table 'srcezazi_srce.srce_adsmanager_config' doesn't exist SQL=SELECT * FROM srce_adsmanager_config
до г.г.Стефан и МПЦ ПДФ Печати Е-маил
До
Неговото Блаженство
архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан

   Ваше Блажество г.г. Стефан,

 Се наближува најголемиот Христијански празник Велигден, ден кога се слави Христовата милост и жртва за добробит и спас на човештвото. За нас верниците на овој свет ден му се дава уште поголемо значење на Животот во сите негови облици и форми. Но токму во деновите на духовниот и телесен пост, кога најмногу треба да стремиме кон телесно и душевно прочистување, покајание, смирение, молитва, љубов и милост кон сите Божји битија, се пристапува кон масовно колење на симболот на кроткоста Исусова – јагнињата.

 Со желбите за мир, благосостојба и среќа се заборава секојдневното страдање, болка, страв и сетта таа неопислива агонија која ја “преживуваат“ животните, кои со своите животи ја плаќаат човечката алчност за јадење на нивното месо и месото нивните деца – водејќи се и повикувајќи се при тоа на Божјото име!

 Зарем не е лицемерие да во деновите кога ја славиме добрината, правичноста и милоста на Исус Христос, заборавиме и бидеме соучесниси на неопислива физичка болка и агонија, страв и колење на животни? Зарем тој масовен геноцид на јагнињата не е симбол на нашата се поголема духовна пустелија? Ве молиме огласете се проговорете за спас и на тие Божји созданија и повикајте на нивно не убивање! Ако немаме милост кон оние кои токму од нашата милост зависат, како ќе стремиме кон патот на Божјата големина, непресушна добрина и мудрост? Како преку таква алчна бесчувствителност, апатичност и инертност кон послабите да му се доближиме на Оној кој заради нас го даде својот Живот? Зарем преку Исус Христос не се обновува и востановува чистата жртва, бескрвниот принос кој нему вистински му е мил, сакрамент на благодарност, принос од нафората што го претставува Неговото тело и виното што ја претставува крвта Неговата? А ние веднаш по светата Причест со телото и крвта на Господ Исус Христос прибегнуваме кон конзумирањето на невините, измачени и искасапени тела на тие кротки созданија Божји кои подеднакво како и ние луѓето чувствуваат љубов, радост и приврзаност но и страв, депресија и физичка болка!

Зарем секое беспотребно убиство нема огромно влијание врз човечката душа, правејќи ја истата отуѓена, затапена и индиферентна, чекор по чекор, се подалеку од Бога?

 Ваше Блажество, со нашата молитва денес и Вам Ви се обраќаме, бидејќи Вие со Вашите зборови можете да влијаете и да ги повикате верниците да отстапат од месо на своите свечени Велигденски трпези, и на мирољубив начин со Живот да го прослават Вечниот Живот. Ве молиме да ги повикате верниците на прослава на Велигден во мир, сомилост и без насилство, со вегетаријанска храна и колачи, а животните да ги оставиме да живеат. Ширум светот луѓе умират од глад, но во празничниот дух скапува храна која секоја година се приготвува во прекумерни количини. Воедно месната индустрија е директно поврзана со гладта во светот и со искористувањето на природните ресурси, а наспроти тоа, со прифаќањето на безмесната исхрана директно се вклучуваме во борбата за човекови права и на сиромасите насекаде во светот!

Ве молиме огласете се и повикајте ги сите да ја имаат Христовата милост како критериум! Кажете ја Вистината дека не постои невина крвна жртва во името Божје!

Секој Ваш збор, мисла, обраќање на оваа тема би не исполнило со огромна радост и среќа.

За милостлив и среќен Велигден!

Срце за животните

 
Здружение за заштита на животните и животната средина “СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ“
п.фах 420, 1000 Скопје, Република Македонија
тел. ++389 (0)2 53 11 432
моб. ++ 389 (0)75 800 765

email: info@srcezazivotnite.org.mk