Колачиња од сончоглед |
Потребно е: Семки од сончоглед, кромид, билки (магданос, мајоран), едно јајце, мускатно оревче, билна сол, зачин за шницли, сос од домати,евентуално минерална вода. Приготвување: Семките од сончоглед фино се сомелуваат. Кромидот ситно се сечка, кратко се динствува со свежи билки, се додаваат сомелените сончогледови семки, јајцето, солта, зачините и се прави еластично тесто (ако е потребно) со минерална вода, се формираат колачиња (крукчиња), кратко се зовриваат во сос од домати и се оставаат извесно време во него да стојат. Тркалестите колачиња може да се преиначат, направат порастресити и развлечат и со наквасени сомелени зелени зрна од жито, или со наквасен леб или погача. Кон ова: хељда, ориз, или салата. |